send link to app

The Green Game app for iPhone and iPad


4.2 ( 8272 ratings )
Games
Developer: Filip Ivanovski
Free
Current version: 1.0, last update: 6 years ago
First release : 21 Dec 2017
App size: 47.42 Mb

Играта Green game е направена од македонската компанија Вестел, по идеја и иницијатива на Александра Пановска Илиевска од колективниот постапувач Нула Отпад ДОО Скопје, а со огромна поддршка од Холандска Амбасада во Македонија. Кон оваа идеја се приклучува и колкетивниот постапувач ПАКОМАК ДОО.

Играта е официјално изработена во 2017 година. Истата е наменета за IOS и андроид, таблет или ПС уреди со цел да биде достапна до секое дете on line или без интернет, на едноставен принцип drag and drop, а потоа и селфи фотографии за мапирање.

Играта се базира на селекција на отпад, има опции и начини за правилна селекција на отпадот, а потоа носи до едно ново ниво за мапирање на локациите на кои низ Република Македонија Нула Отпад и Пакомак имаат поставено инфраструктура (контејнери и канти) за селекција на отпадот и тоа: отпадни батерии и акумулатори, отпадна електрична и електронска опрема и отпад од пакување (хартија, пластика, метал, стакло, композит и дрво).

Согласно потребата да се направи едукација на целото население, а започнувајки од децата, двете компании кои работат во Република Македонија, и тоа Нула Отпад ДОО Скопје во делот на отпадни батерии и акумулатори, отпадна електрична и електронска опрема, и ПАКОМАК ДОО за отпад од пакување (хартија, пластика, метал, стакло, композит и дрво), дојода до нова потреба која произлегува од развојот на пазарот и новите генерации. Компаниите се здружија во уште еден проект со кој се создаде заеднички производ, игра за деца, а со поддршка од Холандската Амбасада. Главаната цел е едукација адаптирана во новото време каде се задржува интересот низ игра, а се учи во основа суштината за селекција на отпадот кој секојдневно се создава.

Играта е нов концепт, или на креативен начин да се учи за селекција на отпадот, низ игра и забава децата да научат првилно да го селектираат отпадот кој го создаваат.


СЕКОЈ ОТПАД ИМА СВОЈ ДОМ, ПРОНАЈДИ ГО !!!
РЕДУЦИРАЈ, РЕУПОТРЕБИ, СЕЛЕКТИРАЈ, РЕЦИКЛИРАЈ И ЗАШТИТИ ЈА НАШАТА ЖИВОТНА СРЕДИНА !!!